Големата рецесија: дали помина?

Macedonian translation of The Great Recession: is it over? (September 17, 2009)

За капиталистите оваа Голема Рецесија повеќе или помалку е помината. Степенот на пад кај големите капиталистички стопанства е намален во втората половина на оваа година. Навистина, во некои од големите стопанства како Германија и Франција националното производство е зголемено. Во помалите, како Австралија и Норвешка, се забележува помало зголемување на растот.

Истовремено, големите капиталистички стопанства во развој како Индија и Индонезија продолжија со растот, но и Кина оствари позитивен раст. Точно е дека индустриското прозводство е во брз пораст кај азиските помалку развиени капиталистички стопанства, со придонес во светското производство од 10% до 15%.
Мерките за доверба во бизнисот успееја – тие не покажаа голем раст, но покажаа каде е дното. Берзите на акции на големите стопанства поминаа низ бурен период на цените. Од најниски, во март, до пораст за 50% за акциите во финансискиот сектор и банкарските акции.

Епицентарот кој ја запали кризата беше станбениот пазар, со акцент во САД, но исто така и во Европа и другите капиталстички стопанства. Цените на просечен дом во САД се нурнаа за 30% од највисоката точка, а слични падови имаше и во Обединетото Кралство. Купопродажбата и пријавите за кредити падна за 75%. Но, за помалку од неколку месеци продажбата се стабилизира, па дури и постои мало зголемување на цените во некои земји. Дното на станбеното расипништво е достигнато, иако е можен пад на цените додека невработеноста расте и повеќе луѓе не ја исполнуваат обврската кон кредитите.

ОЕЦД и другите економски показатели ги уточнија показетелите на раст на националните производства на голeмите стопанства. Тие очекуваат пораст на БДП во САД и Европа во третиот квартал на 2009 година, освен Обединетото Кралство кое ќе заостанува и нема да закрепне до Божик. Но закрепнувањето сигурно е закажано за 2010 година.

ОЕЦД сега предвидува дека Големата рецесија која официјално започна во 2008 година ќе ги напали за 3,7% седумте најголеми стопанства оваа година. Тоа следи по 4% пад во 2008 година. Тоа би значело дека за време на оваа рецесија седумте најголеми стопанства ќе изгубат 10% од нивните национални производства за помалку од 18 месеци. Ако се земе предвид дека потенцијалното производство кое би требало да се постигне во овие капиталистички стопанства за овој период изнесува 3%, тогаш таквиот неповратен губиток треба да се додаде на претходните бројки. Она што е реално и засекогаш загубено изнесува 15% од производството.

Вртоглав беше падот на светската трговија за 15% од почетокот на Големата рецесија во целиот капиталистички свет. Сега изгледа дека трговијата ќе закрепне во 2010 година.
Што се однесува до глобалниот финансиски систем, ММФ вели дека бруто загубата од падот на цените на кредитите за 4.100 милијарди долари или 6% до 7% од светскиот БДП е засекогаш изгубен. ММФ мисли дека банките во САД претрпеа загуба од 60% од конечната загуба, додека европските банки околу 40%. Банката на Европската заедница тврди дека банките во еврозоната се соочени со понатамошна загуба од 300 милијарди долари.
Клучното прашање е дали банките и другите финанскиски институции (осигурување, пензиски фондови и инвестициските фондови) собраа доволно капитал за да ги покријата идните загуби (со претпоставка дека овие иснтутуции можат да профитираат од денес за да ги полнат резервите на финанскиски средства).

Најновите податоци покажуваат дека глобаните финанскиски инситуции собрале помалку нов капитал од нивните загуби. Ова би значело дека доколку владите не се спремни да им пружат уште еден депозит, банките во светот нема да бидат способни да ја прошират довербата во иднина бидејќи ќе се обидуваат да ги зголемат резервите и капиталот за да ги исполнат барањата за финансова способност. Ова е вистински удар за идниот економски развој во светски рамки.
Значи, банките нема да го помогнат економскиот развој барем во следните две години, освен ако не го зголемат капиталот, а тоа би значело да добијат од државниот фонд 200 до 500 милијарди долари, што, веројатно нема да се случи.
Тоа е така зашто владите во развиените земји веќе дадоа 11.000 милијарди долари од парите на даночниците, или една петина од светското производтсво, за да го поткрепат финансискиот сектор. И така ова е најголемо побарување на пари од даночните обврзници по Втората светска војна.

Големата рецесија многу го оштети капитализмот. Но стопанското закрепнување е на повидок – постои светлина на крајот на тунелот, можеби – за капитализмот.
За работничката класа Големата рецесија е далеку од помината. Невработеноста расте брзо. Во САД достигна 9,7% што е најголемо ниво во последните 26 години и се очекува да порасне до 10% на крајот на годината. Ако ги вклучуме сите луѓе кои примаат некаква помош, 15 милиони Американци бараат работа во моментов.
Околу 4,3% од американските домаќинства, или едно од 25, се на листа на запленување во вториот квартал, според Здружението на кредитни банкари од Вашингтон во извештај од август 2009 година. Ова е повеќе од тридецениските податоци, а должењето повеќе од 90 дена, од кога обично почнува процесот на запленување, порасна до 7,97%, најголемо ниво што е забележано воопшто.

Американската работничка класа прими голем удар. Приходите по домаќинство паднаа за просечно 2.000 долари во 2008 година, што е најголем пад во последните 40 години! Вистинските приходи на просечниот Американец сега се вратени назад повеќе од 12 години.

Ако сакаме да оцениме колку приходите и богатството се нееднакви во САД тогаш треба да забележиме дека за 20% од домаќинствата на дното падот е уште подраматичен. Пред само 25 години, најбогатите 20% американски домаќинства оствариле 45% од целиот приход, а во 2008 година ова се зголемило на 50% од вкупниот приход.
Товарот на плаќање на долгот е рекордно висок – 18% до 19% од просечниот приход. Според неодамнешната анкета на ACNielsen, Американците се „од сите нации во светот со најмалку пари“, но 22% од нив немаат пари откако ќе ги подмират основните животни трошоци. Од 42 врвни капиталистички нации Американците најмалку штедат.
Голема катастрофа е загубата на богатство поврзана со вредноста на домовите кои Американците ги купиле и во вредноста на акциите кои ги поседуваат преку нивните пензиски сметки. Од почетокот на Големата рецесија, вредноста на домаќинството нагло падна за 20% со загуба од 14.000 милијарди долари во вредноста; 5.000 милијарди долари од вредноста на домот, 6.000 милијарди долари во берзите и уште 3.000 милијарди долари во други инвестиции.

Приказната е иста и во Велика Британија, каде ХБОС банката проценува дека просечно 31.000 фунти по домаќинство се изгубени поради Големата рецесија: 422 милијарда фунти од падот на цените на куќите и 393 милијарда фунти од пониските цени на акциите. Ова е прв пад по 2001 година. Британските работници се обидоа согласно на тоа да го намалат нивниот долг и затоа беа неспособни да ги подмират обврските за нивните кредити. И покрај тоа, нето богатството (по намалениот долг) падна 10% во 2008 година.

Што може да очекуваме како закрепнување по затишјето на Големата рецесија? Оптимистички настроените поддржувачи на капитализмот се надеваат на брз пораст на светското производство и профити како одраз на брзиот пад, развој во обликот на латинската буква “В“ (V). Загубите за време на Големата рецесија ќе се подобрат брзо и ќе биде бизнис како и обично (business as usual) за капитализмот.

Ова е „природниот“ тип на закрепнување во капитализмот кој е забележан по големата криза во 1974-75, по која следеа 5 години на силен економски раст пред капитализмот повторно да влезе во поголемата криза во 1980 година. Но, ова нема да се случи овој пат.

Во природното закрепнување, рецесијата ја намалува цената на производството и ги обезвреднува основните средства (капиталот) доволно да се појави профитабилност кај капиталистиките претпријатија кои опстојале. Невработеноста ги снижува трошоците на трудот, а банкротирањето и преземањето на фирмите ги редуцира трошоците на капиталот. Фирмите постепено почнуваат да го зголемуваат производството и конечно почнуваат да инвестираат во нов капитал и повторно ги најмуваат тие од „резервната армија на трудот“, оние без работа. Вака се поттурнува побарувачката за инвестирачки добра и конечно работниците почнуваат да купуваат се повеќе стоки за широка потрошувачка и закрепнувањето е веќе почнато.
Овој пат толку е надвиснат вишокот на капацитет во индустијата и градежништвото и толкаво е нивото на задолженост на фирмите, владата и домаќинствата, па вакво закрепнување би било зачудувачко. На крај излегува дека секоја голема капиталистичка економија има 30% повеќе капацитет отколку што е потребно за задоволување на потребите. Ова е рекордно ниво на прекумерен капацитет во индустријата. Производството мора да се зголеми пред да се појават новите инвестиции.
Може да се случи закрепнување во форма на латинското У (U), наречено безработно закрепнување како што се случи по рецесијата во 1991-92. Во раните 1990ти години фирмите ги обновија инвестициите полека и се воздржија од повторно најмување на работници неколку години. Како резултат на тоа економскиот раст беше бавен.

Може да се случи закрепнувањето да биде и во облик на латиското двојно В (W). Може да има две јами. Тежината на прекумерниот капацитет и долг може да биде премногу да се дозволи оживување на потрошувачката и инвестициите, така што економското закрепнување да биде краткотрајно и големите капиталистички економии да се слизнат во рецесија. Ова се случи во 1980-82. Беа потребни две рецесии за конечно да се исправат нештата.

Уште полошо, можно е закрепнување во облик на латиничната Л (L). Такво закрепнување е забележано во Јапонија по големиот кредитен меур во 1989, а економијата остана на исто ниво цела деценија. Големиот долг е натрупан во банките и наместо отпишување и создавање на големи банкротирања и банкарска криза, јапонската влада ги употреби парите на даночните обврзници како залог на банките со позајмици и гаранции. Банките како резултат на тоа го намалија долгот, но не позајмуваа пари за нови инвестиции. Ова звучи слично да сегашната ситуација.

Но, најверојатно, закрепнувањето ќе има облик на знакот за квадратен корен. Големиот пад во производство е поминат. Сега ќе има движење нагоре. Но економијата нема да биде способна да се врати на степенот на развој кој постоеше пред Големата Рецесија. Наместо 3% до 4% годишно, производството во големите економии ќе биде 1% до 2% годишно. Тоа нема да биде доволно да се врати профитабилноста на претходното ниво. Капиталистичкиот систем ќе се соочи со шансата за нова криза во периодот кој доаѓа.

напишано: 17 септември 2009
оригинал: The Great Recession: is it over?
превод: Алек Атевиќ

Source: нова искра*